Претседателот на Филипини: Вакцина или затвор, вие изберете

од Берта Китинска

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска се закани со затвор за оние кои одбиваат да примат вакцина против ковид 19.

„Вие избирате, вакцина или ќе ве испратиме во затвор“, рече Дутерте во телевизиско обраќање, по извештаите за слаб одзив на вакцинацијата на повеќе локации во главниот град Манила.

Неговата изјава е во спротивност со претходните пораки на здравствените власти дека вакцинацијата е доброволна, пренесува Ројтерс.

“Не ме сфаќај погрешно, има криза во земјата. Јас сум огорчен од Филипинците кои нема да ја послушаат владата”, објасни Дутерте.

Од 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да имунизира до 70 милиони луѓе до крајот на годината.Во земја со 110 милиони жители досега се потврдени над 1,3 милиони случаи на коронавирус, а повеќе од 23 000 луѓе починаа.

 

Слични содржини