Ни недостасува воедначена судска пракса и следење на казнената политика. Еве сега се воведува ново дело, безобѕирно управување на возило. Ние во законот имаме дела за небрежност и умисла. Умислата тешко се докажува, ама ако имате ситуација кога некој вози без возачка дозвола, зарем тоа не е умисла? Имам впечаток дека судството оди на тоа секоја чест на покојникот, да видиме сега што со живите. Во суштина нема разлика дали некој убил со нож или поминал на полна линија и предизвикал сообраќајна несреќа. Се има впечаток дека човечкиот живот е безвреден, вели Гордана Дувњак во Утрински брифинг.
Таа посочува дека се расправаме со последиците, а не со превентивата.
-Ние како општество сме затаиле оти треба и во образованието треба да се делува.Ние расправите ги водиме на социјалните мрежи, а не во институциите. Нам ни недостигаат стручни анализи, а тоа е работа на високите судови и Судскиот совет како и професорите по кривично право. Треба да анализираат и конкретни судски процеси. Ние како јавност не ги знаеме сите детали па сме склони емотивно да реагираме, но со споредување на случаите може да се утврди каде е проблемот, констатира Дувњак.