Дувњак: Влијанијата во правосудството се сѐ уште силни од претходната владејачка гарниттура

од Берта Китинска
269 прегледи

Влијанијата се сѐ уште силни од претходната владејачка гарниттура во правосудството. Интересно е што во рок од две недели Мијалков успева во втор план да ги стави политичките настани во земјата. За две недели две различни одлуки на судовите но тоа говори за судството во Македонија – збунето, под влијанија, несамостојно. Претпоставувам ќе дознаеме зошто за толку кус период гаранција од 11 милиони евра беше прифатена, па отфрлена, па укинато решение за притвор. Сетоа ова како објаснение ни го должат судиите, вели Гордана Дувњак во Утрински Брифинг.

-Сеад Кочан беше задолжен да врати 17 милиони евра да врати во државата и тоа никогаш не се случи. Судската васт би требало да биде независна, извшрната васт треба да му овозможи услови, но она што е страшното е што ние 30 години имаме судство што не се доживува како власт. Да беше поинаку, никој од другите власти и моќници не би моел да им се јавува и да врши влијанија, вели Дувњак.

Судиите ги следат политичките случувања кои во последно време се турбулентни, а Мијалков е творецот на „Сваровски судството“.

-Судството ги следи случувањата во политиката. Што е чудно. Судиите имаат траен мандат со што се заштитетни, но сме далеку од тоа да зборуваме за судство од кое ќе се плашат политичарите. Ако почнеме да го одмотуваме клопчето за квалтетот на суството треба да се запрашаме какви се телата што ги одбираат судиите кои се грижат за нивната независност. Политичарите забораваат дека нема вечно да бидат на власт и како намерно да работат на слабеење на судството не сметајќи дека еден ден тие може да се најдат пред судовите, вели Дувњак.