ДВ за самитот ЕУ-Западен Балкан: „Ветувањето од Солун“ не се исполни ниту по две децении

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Во 2003 година Европската унија даде ветување за пристапување во регионот на Западен Балкан, а тоа се уште не го исполни, пишува „Дојче веле“ (ДВ), додавајќи дека вечерата што синоќа во Атина ја приреди грчкиот премиер за лидерите на регионот и врвот на ЕУ е потсетник на тоа „ветување“.

Кога шефовите на држави и влади на Европската унија се состанаа во грчкото одморалиште Порто Карас во јуни 2003 година, тие имаа големи работи на ум за Западен Балкан. Унијата „безрезервно“ го поддржа приемот на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, се наведува во завршниот документ на самитот.

Тоа „ветување од Солун“, именувано по блискиот пристанишен град, не се исполни ниту по две децении.

Слични содржини