174
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и М.С.(38)од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 08.01.2023 околу 15.30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“.
Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари.
СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.