Два авиона „ер трактор“ ангажирани за пожарот кај село Блаце

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Два авиони „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваат на пожарот во атарот на селото Блаце каде на непристапен терен горат трева и нискостеблеста вегетација.

– Поради исклучително тешкиот и стрмен предел за движење, рано утрово договоривме да ангажираме два „ер трактори“ од ДЗС кои во овој момент дејствуваат со прецизно фрлање на водата врз пожарот. По нивното дејство ќе продолжи еден полициски хеликоптер кој ќе се обиде да им помогне на пожарникарите да воспостават контрола врз пожарот, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Покрај пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, на терен е и тим од Национални шуми.

Слични содржини