Два авиона се судрија во Австралија, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа во судар на два авиона во петокот во Австралија, соопшти полицијата.

Полицијата во државата Квинсленд соопшти дека службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Кабултур, во близина на градот Бризбејн, откако било пријавено дека два мали авиона се судриле во близина на земјата.

„Во судирот загинаа две лица кои патувале во ист авион“, се вели во соопштението на полицијата.

Пилотот на другиот авион, кој бил сам, не е тешко повреден.

Австралиското биро за безбедност на транспортот (ATSB) ќе ги истражи причините за несреќата.

Слични содржини