Два часа по Ериксен, фудбалер колабираше на натпревар во Бразил и заврши во болница (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
396 прегледи

Додека фудбалскиот свет се молеше за здравјето на Кристијан Ериксен, кој успеа да ја надмине критичната ситуација откако се онесвести на теренот, приближно во исто време, точно два часа подоцна, слична вознемирувачка драма се случи во Бразил.

На натпреварот од бразилската Серија Д помеѓу Бангу и Сао Бенто, играчот од средниот ред на домашниот тим Каио Цезар (25) падна и се онесвести, па беше итно пренесен во болница, каде, за среќа, ја доби целата потребна помош и успеа да се опорави.

Бразилските медиуми пишуваат дека истиот ден бил пуштен дома, откако било утврдено дека сите негови витални функции се во најдобар ред.

Сепак, сите на теренот, по она што му се случи на Ериксен, беа вознемирени кога Цезар падна на тревата и лежеше неподвижен. Интересно е што оваа драма се одвиваше како онаа на „Паркен“, оддалечена илјадници километри, на крајот на првото полувреме.

Според бразилските медиуми, играчот на Бангуа се онесвестил затоа што му се слошило, потврдил докторот на противничката екипа Касио Рускони за локалната телевизија.

Во текот на вечерта, клубот на Цезар се огласи и потврди дека сега сè е во ред со играчот.

Слични содржини