Енергетската безбедност, Украина и економијата на Европската унија (ЕУ) ќе бидат главните теми на Европскиот совет, кој се одржува денеска и утре во Брисел.

Според проектните документи за состаноците, европските лидери се подготвени да поттикнат изградба на нови гасни интерконекциски врски, кои ќе овозможат помош на зависните од Русија држави членки на енергетска безбедност, во случај ако Москва ги запре испораките за ЕУ.

zx450y250_2492926

На средбата ќе биде ставен фокус на барањето за “транспарентност на пазарот на гориво во ЕУ и гарантирањето дека договорите со надворешни добавувачи ќе бидат целосно компатибилни со европските закони и приоритети”. Причината темата да биде повторно на дневен ред се противречностите во врска со проектот “Јужен поток”, пред финалното запирање.

Стравувањата дека Русија планира нови активности на територијата на источна Украина, исто така ќе се одрази во агендата на Советот. Претседателот Доналд Туск предупреди дека Западот треба да се приготви за “подолг конфликт”, и ги повика земјите членки да не отстапуваат од режимот на санкции само неколку дена пред средбата на европските лидери.

Во последната недела ЕУ ги обнови санкциските листи кои содржат имиња на 150 поединци и 37 организации. Договор за проширување или продолжувањето на режимот на санкции, кој истекува во јули, сеуште не е постигнат.

Според нацрти за Европскиот совет ЕУ предвидува да продолжи приближувањето со земјите од поранешната советска сфера на влијание – Грузија, Молдавија и Украина. Освен тоа во мај претстои и самитот на земјите од Источното партнерство, чиј домаќин ќе биде актуелниот претседател на Советот на ЕУ – Рига.

“Примената на клучните структурни реформи” ќе биде главна тема на економските дискусии на Советот. Водачите ќе дискутираат за можните сценарија за постигнување на економски раст по периодот на економски кратења за време на финансиската криза.

Мерките за постигнување на позитивни општествени ставови во однос на трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ) исто така ќе се дискутира во Брисел.

Грчката влада претходно изрази желба односите меѓу Атина и кредиторите нејзиното да бидат сместено во агендата на Советот – земјата е во ќор-сокак, додека се очекува финансиска помош од ЕУ, а лидерите од еврозоната инсистираат за итно спроведување на реформи.

Слични содржини