150
Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) полетаа кон пожарот во атарот на село Зрзе поради непристапниот терен на кој се рашири крак од пожарот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Долната страна на пожарот кон селото и манастирот Зрзе е под контрола.
Вчера првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов објави дека пожарот избил над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен. Гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, а постоеше закана пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.
На терен се и прилепските пожарникари.