Кристијано Роналдо постигна два гола за Јувентус, клучни за победа против Интер, вечерва на „Џузепе Меаца“ во првиот дуел од полуфиналниот двомеч во купот на Италија.
Избраниците на Антонио Конте рано стигнаа до предност, откако Барела проби по десната страна и го проигра Лаутаро, по чиј удар Буфон не успеа да ја скроти топката, со што Интер во 9. минута водеше со 1:0.
На спротивната страна „Старата дама“ го имаше Роналдо кој се погрижи за целосен пресврт на стадионот „Џузепе Меаца“. Португалецот најпрвин израмни во 26 минута од пенал, а конечниот епилог го постави во 36 минута од средбата.
GENIUS… WHAT A PLAYER!!!
WHAT A SMART GOAL!!! VAMOSSSS
Cristiano Ronaldo second goal vs Inter:
— Cristiano Ronaldo News (@CRonaldoNews) February 2, 2021
Во второто полувреме Интер во најголем дел имаше иницијатива, во една ситуација чист гол на Санчез спречи Демирал избивајќи од гол-линијата, а во друга Буфон успеа да го одбрани ударот на Дармијан од неколку метри.
Реваншот во Торино се игра на 9 февруари, Интер тогаш ќе биде со Лукаку во составот, но прашање е дали може да дојде до резултат кој ќе го однесе во финалето.