Сува трева и ниска вегетација се уште горат во близина на Тајмиште во Општина Кичево. Пожарот започна пред два дена, а интервенираа 6 пожарникари со 2 противпожарни возила како и 4 лица од ЈП Национални шуми подружница Лопушник, информираше Центарот за управување со кризи.
-На ден 31.10.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 5-9 пожарникари со 1 ПП возила и 4 лица од ЈП Национални шуми подружница Лопушник. Утрово на ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенираат 4 лица од ЈП Национални шуми подружница Лопушник. Според последните информации пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место. Пожарот кој започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Oпштина Кичево е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и сува трева. На ден 31.10.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 6 лица од ЈП Национални шуми подружница Лопушник и месното население. Бидејќи се работи за непристапен терен во гаснењето на пожарот нема интервенирано ТППЕ Кичево.
Во моментот во гаснењето на пожарот интервенира ЈП Национални шуми подружница Лопушник. Според последните информации пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП Национални шуми подружница Лопушник известуваат дека пожарот се шири во превец на реката и делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.
Пожарот кој започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој е се уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот е зафатени наска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат 4 лица од ЈП Македонски шуми подружница Сандански и 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Македонски Брод. Од Градоначалниот на Македонски Брод е добиено барање за гаснење на пожарот од воздух. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР, велат од ЦУК.