Два клуба ја активираа откупната клаузула на Аморим пред Јунајтед, Португалецот ги одби

од Nikola Popovski
27 прегледи

Манчестер Јунајтед неодамна потврди дека Рубен Аморим е новиот тренер на клубот. „Црвените ѓаволи“ ја активираа отштетната клаузула на португалскиот стручњак, но пред нив тоа го направија уште два клуба, што Аморим сепак ги одбил.

По поразот од Вест Хем минатиот викенд, челниците на Манчестер Јунајтед одлучија дека е време да се разделат со Ерик Тен Хаг, кој официјално беше отпуштен во понеделник наутро.

Само неколку часа подоцна стигна веста дека Јунајтед веќе најде нов тренер и дека Рубен Аморим ќе го замени Тен Хаг. Младиот Португалецот постигна одлични резултати во Спортинг Лисабон, а повикот на Јунајтед едноставно беше преголема можност за да се одбие.

Манчестер Јунајтед за овој 39-годишен фудбалер плати отштета од десет милиони евра, а Аморим потоа ги договори сите услови со клубот и официјално беше потврден за нов тренер на „црвените ѓаволи“. Пред два дена тој се прости од Спортинг, а се очекува утре да го одржи првиот тренинг со тимот на Јунајтед.

Аморим го привлече вниманието на многу клубови поради неговите извонредни резултати во Лисабон, а сега е откриено дека одбил две сериозни понуди пред Манчестер.

Имено, португалските медиуми откриваат дека пред понудата на Јунајтед, Аморим имал уште два важни повици, каде клубовите исто така биле подготвени да ја платат откупната клаузула, но тој ги одбил понудите.

Првиот клуб кој понудил 10 милиони евра на Спортинг бил саудискиот Ал Наср, но Аморим реши да не се пресели во Саудиска Арабија.

После тоа доби можност да се пресели во Премиер лигата бидејќи Вест Хем беше сериозно заинтересиран за него, но и тогаш 39-годишниот фудбалер реши да остане во Лисабон, пишуваат англиските медиуми.

Слични содржини