Два локали во општина Центар добија решенија поради гласна музика

од Nikola Popovski
258 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ попладнево инфомираше дека во изминатите два викенди, овластени инспектори за животна средина на Општина Центар, вршат засилени контроли и мерења на гласност во угостителски објекти на територија на општината.

-Со досега извршените мерења, од страна на овластена лабораторија за мерење на гласност, на два локали (Мош и Макка) веќе им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животна средина. Апелирам до сопствениците и управителите на угостителските објекти да се придржуваат до постечките правилници, да бидат обзирни кон жителите кои живеат во близина на локалите и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животна средина. Во спротивно, за секое надминување на граничните вредности, ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки и ќе бидат изречени ригорозни казни, објави Богдановиќ.

Слични содржини