261
Кошаркарот на Вашингтон, Ајзеа Томас е суспендиран два натпревара поради инцидентот на саботниот дуел со Филаделфија.
За време на мечот, тој тргна да се пресметува со навивач од првите редови на трибините, кој постојано вербално го навредувал, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.
– Играчот на Вашингтон визардс, ајзеа Томас е суспендиран на следните два натпревара, соопшти НБА.
Во досегашниот дел од сезоната Томас има просек од 13,6 поени и 4,8 скока по натпревар.