Два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Само два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании, околу 32 проценти се жени во претприемништвото, а помалку од четири отсто се жени сопственици на бизнис.

ssk1-860x488

Ова денеска го истакна членката на управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССК), Тања Дејаноска.

– Жените имаат мала финансиска поддршка за почнување сериозен бизнис. Тие можат да придонесат многу повеќе со оглед на различната перспектива на гледање на работите од мажите, имаат нови и поразлични идеи и се по претпазливи. Процентуално, успехот на жените во бизнисот е поголем од оној кај мажите – додаде Дејаноска.

Според нејзе, од особена важност во насока на поттик и развој на женското претприемништво е да се промовираат позитивни бизнис приказни и практики на жените претпиемачи, да се развива професионален и лидерски пристап на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, да се идентификуваат и разменуваат информации за финансиска поддршка за нови и тековни бизниси.

Жените на менаџерска позиција се главно присутни во финансискиот сектор, образованието, агробизнисот, текстилната индустрија, ИТ, медицината.

Најчести причини поради кои во Македонија има многу мал број на жени претприемачи се слабата економска моќ, предрасудите, стереотипите и семејните обврски./извор Мета