163
Два послаби земјотреси, со јачина од два степени според Рихтеровата скала, ја тресеа Хрватска во текот на ноќта.
Прво, кратко по полноќ, е регистриран земјотрес на 15 километри западно од Петриње.
Потоа, во 02.43 часот се почувствува земјотрес во областа Риека, со епицентар во областа Платак, јавува хрватски Н1.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил на два степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 15 километри северо-источно од Риека.