Два пожари на отворено во изминатото деноноќие

од Nikola Popovski
180 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.588 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 54,85%, а 45,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 61,03%, кон Итната медицинска помош 35,66%, кон пожарникарите 1,84%, а кон АМСМ 0,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 760 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,10%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (45,15%).

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Имало два пожара на отворено во последното деноноќие. Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 14.10 до 15.10 часот, гаснеле запалено ѓубре на ул. „Скупи“ во Општина Карпош, на површина од 500 m2.

Интервенцијата ја извршиле со едно ПП возило и два пожарникари. Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола дека од 14.11 до 15.15 часот со едно ПП возило и два пожарникари интервенирале на запалена дива депонија во населбата „Баир“ во Општина Битола, стои во соопштението од ЦУК.

Слични содржини