Од еден воен магацин, во Мал Брезовик кај Никшиќ, Црна Гора, исчезнаа два сандаци со рачни бомби, пишува „Побједа“.

Не се знае кога точно исчезнало оружјето, а со контрола на сите магацини откриено е дека исчезнале бомби од типот M75.
МИнистерствотот за одбрана покренало истрага, во која, освен воената полиција, вклучени се и полицијата и обвинителството.
Основниот државен обвинител во Никшиќ, Стево Шекариќ, потврди дека кражбата е пријавена пред неколку дена и дека е утврдено дека недостасуваат два сандаци со рачни бомби.