Двајца тинејџери биле убиени во напади со нож во Лондон, со растојание од неколку часа, во понеделникот вечерта, соопшти полицијата.
Според британскиот „Sky News“, 15-годишно момче било прободено со нож во Гринич околу 17 часот, а 16-годишно момче било избодено со нож во Ламбет нешто пред полноќ и прогласено за мртво на самото место.
Поради смртта на 15-годишното момче било уапсено момче, кое исто така имало 15 години. Тој сам заминал во болница со убодна рана од нож.
Никој не е уапсен за убиство на другото 16-годишно момче.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан рече дека е згрозен од овие убиства.
Полицијата првo интервенираше во Гринич во 17 часот и 23 минути, откако избувна насилство во близина на железничката станица Вулич Арсенал, и пронашла 15-годишно момче со убодни рани.
Во Ламбет, 16-годишно момче било прогласено мртво на лице место, откако било пронајдено околу 11:45 часот.