Два авиона се судрија за време на тренинг лет во Доха, но пилотите успеаја безбедно да се катапултираат, соопшти Министерството за одбрана на Катар во Твитер.
Според информациите на “Спутник”, нема никакви информации за судирот или што го предизвикало истиот.
Инцидентот се случи неколку недели откако два авиона на Бундесверот се судрија во северна Германија за време на мисијата за обука. Еден од пилотите го преживеа инцидентот, но другиот беше пронајден мртов подоцна.