244
Утринава регистрирани два земјотреси во Македонија. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, двата земјотреси биле на 70 километри југоисточно од Скопје, на епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.
#Earthquake (#земјотрес) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M2.1 || 4 km S of #Shtip (North Macedonia) || 13 min ago (local time 04:11:09). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/fjoX00YT25
— EMSC (@LastQuake) April 12, 2023
Земјотресите биле со јачина од 3 и 2,1 степен и тоа првиот во 03:24 часот, а вториот во 04:11 часот.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресите биле со епицентар на 4 километри јужно од Штип.
Нема информации за причинета материјална штета.