Астролозите тврдат дека луѓето родени во знакот на рак и луѓето родени во знакот на Шкорпија ја сочинуваат најдобрата хороскопска љубовна двојка.
Овие два знака совршено се разбраат и се надополнуваат едни со други, иако однадвор изгледаат дека имаат доста различни личности, пишува YourTango.
Во случај на Рак и Шкорпија, едниот партнер е посилен токму таму каде што другиот е послаб, што ја прави нивната врска неверојатно компатибилна.
И Ракот и Шкорпијата се многу заинтересирани за силни и цврсти љубовни врски и имаат слични животни цели за кои и двајцата сакаат да се стремат.
Освен нив, астролозите ја посочуваат врската помеѓу двете Риби како друга одлична комбинација.
Тоа е ужасно силна и компатибилна врска, тврдат тие и додаваат дека во таков однос и двете страни се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа.