Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

од Vladimir Zorba
90 прегледи

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на спомениците на паднатите бранители во Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“.

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Каролина Насковска и Благој Бочварски, ќе положи цвеќе во во селото Љубанци.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

Слични содржини