Дваесетина повредени пренесени во Ургентниот центар

од desk3
93 прегледи

62E944B315089D42A8226D89A4663DC2

Дваесетина повредени во денешната оружена пресметка во Куманово досега се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Шеснаесет се во Ургентниот центар, а на дел од нив во моментов им се вршат хирушки интервенции.

Дел од повредените во Скопје беа транспортирани со возила на прва помош, а дел со хеликоптер.

Повредени полицајци од Куманово се пренесени и во градските болници „8-ми Септември“ и „СВ. Наум Охридски“./МИА