65
Дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство, изјави денеска министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип.
Според него, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.
– Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични. Им оставив на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман за покритичните пациенти, рече министерот.