Двајца браќа од Тетово „олеснети“ за сума од 15.000 евра

Според пријавеното, едно лице им понудило на браќата дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи имале остварено работен стаж

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Локално

На 12.01.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово.

Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит,  за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.