Двајца Французи убиени во руски напад во Берислав, град во близина на Херсон

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Двајца француски доброволци се убиени, а неколку други лица се полесно повредени за време на вчерашниот руски напад врз Берислав, место во близина на градот Херсон, во јужна Украина, соопштија локалните власти.

„Странски доброволци се убиени во руски напад врз Берислав“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Керсон, Олександр Прокудин.

„Руската армија уби двајца француски државјани. Уште тројца странци се полесно повредени, како и еден Украинец“, напиша Прокудин, кој не ги прецизираше точните функции на доброволците, пренесе Бета.

Во Украина, терминот доброволци често пати се користи за персоналот на хуманитарните организации.

И украинската полиција соопшти дека во напад со дрон загинале двајца мажи од француска националност, а повредени се други тројца мажи и една жена.

Полицијата најави отворање истрага за прекршување на воените закони и обичаи.

Берислав, град што пред војната имал околу 12.000 жители, се наоѓа на северниот брег на реката Дњепар, блиску до линијата на фронтот.

Слични содржини