Двајца криумчари фатени со седум Сиријци во гевгелиско

од Nikola Popovski
191 прегледи

На 02.11.2023 околу 01.30 часот на влез во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Г.З.(20) и Д.М.(19), двајцата од Косово.

При контрола во возилото „фолксваген туран“ со косовска национална ознака, кое го управува З.Г., а сопатник бил М.Д., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини