Двајца Македонци се уапсени во Бугарија поради шверц на цигари

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Двајца македонски возачи се уапсени на граничниот премин Златарево во Бугарија при обид да прошверцуваат цигари во вредност од над 110 илјади евра, јавуваат бугарските медиуми.

Image_5081055_407
На граничниот премин “Златарево” на 26 октомври околу 02:45 часот на влез во Бугарија е запрен за проверка влекач-цистерна марка “МАН. Камиониот бил управуван од македонскиот државјанин Бајрам Ф. (33 години), а сопатник му бил исто така македонски граѓанин со иницијали Сабри М. (34 години).

При проверката на цистерната царинските инспектори утврдиле дека се сокриени вкупно 102 460 кутии (различни марки, обложени со македонски бандероли) во вредност од околу 112 илјади евра.

Обвинителството во Благоевград поведе истрага за случајот, а против двајцата македонски државјани поднесени се кривични пријави за шверц на цигари.

Цистерната била празна, но и покрај тоа цариниците направиле ренгенска проверка.Во неа биле сокриени над 2 милиони цигари од различни марки.