Двајца мажи вчера извршиле граѓанско апсење за да сопрат пијан возач на автобус. Настанот се случил близу познатиот бугарски туристички резорт Сончев Брег, поточно на патот Поморие – Сончев Брег, откако мажите виделе како автобусот кривулка, јавија бугарски медиуми.
Двајцата мажи, едниот на возраст од 47 години, другиот на возраст од 42 години, движејќи се зад автобусот утврдиле дека возилото се движи рискантно, а потоа во еден момент возачот се обидел да се заврти во спротивната насока на патот Варна – Бургас. Тогаш реагирале, го сопреле автобусот и го извршиле граѓанското апсење.
Подоцна се покажало дека 51-годишниот возач, инаку Украинец, управувал со автобусот до 2,71 промили алкохол. Кога дошла полицијата го ставила во 24-часовен притвор. Пијаниот Украинец одбил доброволно да му биде земена крв за анализа.