Вчера се случиле две сообраќајки на мотоцикли со товарни возила, при што мотоциклистите добиле тешки повреди, соопшти МВР.
Едната несреќа се случила на улицата „1“ во скопското село Ржаничино. Станува збор за сообраќајка на товарно моторно возило „там“ со скопски регистарски таблички, управувано од М.А. (48) од селото Долно Коњари и мотоцикл „сузуки“, управуван од Н.М. (32) од село Петровец, скопско. Во несреќата Н.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје.
Втората несреќа вчера се случила во Куманово, на булеварот „3-та Македонска ударна бригада“, помеѓу товарно возило „фиат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од А.С. (61)) од Куманово и мопед „кимко“ со кумановски регистарски таблички, управуван од Д.З. (30) од село Опае, кумановско. Во несреќата Д.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа во Куманово.