Двајца мотоциклисти загинаа во тешка несреќа за време на Британското првенство во супербајк во Чешир, објави Скај њуз.
Починатите се 21-годишниот Овен Џенер (Велика Британија) и 29-годишниот Шејн Ричардсон (Нов Зеланд). Џенер почина од сериозни повреди на главата, а Ричардсон почина на пат кон болницата откако претрпе повеќекратни повреди на градите.
Инцидентот се случи на првата кривина од трката, предизвикувајќи верижен судир во кој 11 натпреварувачи се здобија со разни повреди.
Том Танстал, 47, бил однесен во Универзитетската болница Ројал Стоук со сериозни повреди на грбот и стомакот. Пет други натпреварувачи беа прегледани на патеката, но имаат полесни повреди.
Организаторите „МоторСпорт Вижн Рејсинг“ го откажаа остатокот од трката од Британското првенство во супербајк. Комисијата за контрола на мотоциклистичките трки го истражува случајот заедно со медицинскиот испитувач и полицијата.