Двајца од повредените 13 навивачи се со убодни рани по телото и главата

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Со тешки повреди по главата и телото двајца од повредените навивачи од Црна Гора се донесени на Хируршките клиники во Скопје. Еден од нив има убодни рани по телото и во пределот на слабините и е хоспитализиран на Клиниката за урологија, а вториот кој од удари по главата се здобил со посекотина, во моментот е во Ургентниот центар, пренесува Нова повикувајќи се на извори од Хируршките клиники.

на-пат_n-670x377 (1)

„Раната е сошиена, направени се снимањата и повредениот е во Ургентниот центар. Вториот повреден има убодни рани по телото и слабините и е сместен на Клиниката за урологија“, изјавија за НОВА од службата за односи со јавноста на Хируршките клиники.

Вкупно 13 навивачи од „Будуќност“(познати како варвари) биле повредени во тепачка со навивачи од Тетово, во близина на превојот Стража.Навивачите патувале во Скопје каде вечерва нивниот женски ракометен тим гостува на ЖРК Вардар. Двата автобуси се спуштале од Стража каде во близина на месноста Цреткоски мост бил паркиран автобус со кој навивачи на тетовска Шкендија (познати како Балисти) оделе за Кичево на натпревар.