303
Двајца полицајци се ранети денеска кога бомбаш-самоубиец активирал експлозив во турската престолнина Анкара, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Претходно турските медиуми јавија дека силна експлозија се слушнала во градот во близина на зградите на Собранието и МВР.
Според АП, турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава.