МВР соопшти за два случаи на работници повредени при извршување работни задачи во изминатите два дена.
Завчера во 11:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект на подрачјето на Кисела Вода, при извршување работни задачи за приватна фирма, З.Т.(52) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Специјалната хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани повредите и му била укажана помош. Полициски службеници од СВР Скопје и трудов инспектор извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.
Вчера, пак, во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди бил донесен Г.П.(59) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 19:30 часот при извршување работни задачи во фабрика во Велес.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.