Двајца прилепчани фатени како крадат од здравствена установа

од Nikola Popovski

На 22.02.2024 во 03.10 часот на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Џ.(36) и Ќ.Ш.(42), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на кражба во здравствена установа во Прилеп и кај нив биле пронајдени метални и остри предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини