На Твитер, по посетата на Путин на градот Дербент во Дагестан, се појави тврдење дека посетата ја извршил негов двојник.
„Два Путина, а разликата е 10 часа“, се вели во Твитот, кој уште еднаш сугерира дека рускиот претседател „не мрднал“ од Кремљ.
Набљудувачите го посочуваат променливиот изглед на рускиот претседател низ годините како можен доказ дека тој користи двојници, кои наводно се појавуваат на негово место на настани на кои тој или не сака да оди или смета дека е премногу ризично да се појави.
Two "Putin", the difference is 10 hours, one in Moscow and the other in Dagestan pic.twitter.com/61sHurmNsC
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) June 29, 2023
Украинците постојано тврдат дека Путин има двојници, но нивниот точен број засега не е познат. Според украинските медиуми, овие податоци се внимателно скриени и претставуваат државна тајна.
Наводно, дури ни во Кремљ не се познати сите „Путиновци“, такви информации имаат само доверливи луѓе од околината на рускиот претседател, а во медиумите се споменуваше и бројката од тројца двојници.
People are screaming: Oh my God! Vladimir Vladimirovich! We are so glad to see you!#Putin is in #Derbent #Dagestan #Russia pic.twitter.com/vVGtahiHwd
— Stella (@SgforgoodStella) June 28, 2023
Кога Путин го посети Мариупољ во март, социјалните мрежи експлодираа, а на големо се пишуваше дека наместо Путин, во посета доаѓа неговиот двојник.
Експерт, наводно, забележал разлики во изгледот на Путин, како што е испакнатината на ушната школка, бенките или брчките кои „постојано се менувале“ на снимката од градот.