Двајца во болница откако „опел“ удри во столб од патарина

од Nikola Popovski
43 прегледи

Доцна синоќа во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот А.Д. од Велес, удрило во столб од наплатната станица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Слични содржини