Двајца загинати и тројца ранети во напад на израелски дрон во Либан

од Nikola Popovski
53 прегледи

Во напад на израелско беспилотно летало во околината на градот Шакра, на југот на Либан, денеска загинаа две лица, а уште три се ранети, меѓу кои и едно дете, соопшти либанската цивилна одбрана.

Тамошната спасувачка служба не прецизираше дали војниците или цивилите загинале, пренесува Ројтерс.

Агенцијата соопшти дека ова е прв израелски напад врз Либан кој резултирал со жртви по ракетниот напад во саботата на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 деца и тинејџери, за што Тел Авив го обвини Хезболах.

Слични содржини