Двајцата поранешни градоначалници на Кочани може да одат во „куќен притвор“

од desk4
58 прегледи

Основниот суд во Кочани постапи по 22 жалби поднесени од осомничени во случајот со пожарот во Кочани. Од нив, 19 беа одбиени, со што за овие лица останува на сила мерката притвор.

Судот донесе одлука за замена на притворот со куќен притвор за тројца осомничени, меѓу кои и поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Покрај оваа мерка, на нив им е одземена патната исправа и им е забрането издавање на нова, со цел спречување на напуштање на државата.

Во однос на одлуката за двајцата поранешни градоначалници, Основното јавно обвинителство поднесе жалба до Апелацискиот суд во Штип, кој ќе одлучува по предметот.

Во притвор и натаму останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.