Двајцата заразени со мајмунски сипаници не патувале надвор од државата, случаите не се поврзани

од Nikola Popovski
22 прегледи

Потврдени два случаја на мајмунски сипаници во Македонија. Здравствените власти уверуваат состојбата е под контрола, детали споделија од Институтот за јавно здравје, и од Инфективната клиника.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфрктивната клиника во Скопје, а според нејзините информации другиот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките и не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

Слични содржини