170
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 33-годишниот И.М. и 31-годишниот К.М., двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Во средата полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените, при што биле пронајдени кокаин и пари.