Двајца млади Скопјани го загубија животот во тешка несреќа во Чешка

331 прегледи

По синоќешната тешка сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Прага – Усти во Лаба во Чешка, двајца млади Скопјани го загубиле животот.

Тамошните медиуми пренесуваат дека се работи за М.Б. (30) и Д.Б. (27) кои биле на пат да се вратат кон Северна Македонија.

Чешките медиуми велат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот кој водел во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата се огласи, и истакна дека ќе ги истражува причините за настанатата несреќа.

Слични содржини