Двајца планинари починаа на Монт Еверест

од Vladimir Zorba

Двајца планинари, едниот од Америка, а другиот од Швајцарија, починаа денес на Монт Еверест, соопшти организацијата за експедиции во Непал.

Во соопштението се наведува дека исцрпеноста е причина за смртта на планинарите и дека тие се првите жртви на оваа сезона на искачување на Монт Еверест.

Швајцарскиот планинар Абдул Вараич (41) починал откако се искачил на планински врв, додека Американецот Пувеи Лиу (55) починал во логор во највисоката зона на искачување.

„Абдул успешно се искачи на врвот, но имаше проблеми при спуштањето. Испратени се дополнителни шерпи со кислород и храна, но тој за жал почина“, се вели во соопштението.

Лиу се симнал со помош на дополнителен кислород бидејќи се соочил со слепило и истоштеност. Тој стигнал до логорот број четири, но починал.

И покрај забраните воведени поради пандемијата на коронавирус, непалските власти дозволија да започне пролетното искачување на Монт Еверест.

Слични содржини