205
Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за Би-Би-Си изјави дека нападот нема врска со тероризам и дека ниту еден од повредените полицајци, кои се пренесени во болница, не е во животна опасност.
Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската сала каде илјадници луѓе чекаат во редица за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета Втора.