Двајца ранети при напад пред џамија во Франција

од desk2
89 прегледи

Две лица се ранети денеска од истрели од огнено оружје пред џамија во западниот француски град Брест, соопшти локалната полиција.

Во соопштението се посочува дека засега неидентификуван напаѓач отворил оган врз муслимански верници кои излегувале од џамијата.

По инцидентот напаѓачот побегнал во непознат правец.

Мотивите за нападот засега не се познати.