Минатиот четврток фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Шериф со 2.0 на гости во второто коло од Лигата на Европа.
Тимот на Ерик тен Хаг имаше големи проблеми за време на престојот во Кишињев, главниот град на Молдавија, бидејќи 12 играчи се отруле со храна.
Медиумите во Англија пишуваат дека поради тој настан е покрената истрага во рамките н аклубот.
Тој здравствен проблем не можеше да влијае на Јунајтед, кој викендов не го одигра премиерлигашкиот дуел со Лидс поради погребот на кралицата Елизабета.