Двајца пациенти починале додека чекале кревет во болница во Загреб

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Двајца пациенти починаа во слични околности, оставени да лежат на транспортни колички во чекалната на ургентното одделение на Клиничката болница „Свети Дух“ во Загреб, пишува „Индекс.хр“.

Едниот пациент бил пронајден мртов во чекалната од членовите на семејството, другиот од припадниците на брзата помош.

Како што дознава гореспоменатиот медиум, и двајцата пациенти биле примени во итната медицинска помош и биле ставени во лежечки транспортни колички и оставени во чекалната. Причината поради која биле во чекалната е тоа што немало слободен кревет.

Првиот случај се случил ноќта на 20 кон 21 февруари. Станувало збор за пациент кој бил оставен во чекалната и кој утрото бил пронајден мртов од членовите на неговото семејство.

Неколку дена подоцна сличен исход се случил со друг пациент. Откако му била укажана лекарска помош, за пациентот била повикана брза помош и тој чекал во чекалната. Вработените во медицинскиот транспорт го пронашле пациентот мртов. Во двата случаи смртта на пациентите најпрво ја забележале надворешни лица, односно семејството на починатиот и вработените во медицинскиот транспорт, а дури потоа персоналот во болницата.

Од болницата за „Индекс.хр“ ги потврдуваат случаите. Велат дека немало лекарска грешка.

Слични содржини