Грета Тунберг и Малала Јусафази се млади активистки кои можеби не го променија светот, но направија значајни чекори за идното подобрување на климатските услови и унапредувањето на човековите права.
Грета наскоро ќе се придружи на ученички штрајк во Бристол. Малала на Оксфорд студира политика, филозофија и економија.
На Твитер, Грета објави фотографија на која напиша: „Денеска го запознав мојот идол. Што повеќе можам да кажам?“
За време на своето гостување во Лејди Маргарет Хол, Грета зборувала за многу теми, вклучувајќи ги и науката, изборите и правото секој да се вклучи во протест или движење.
Додека едни се воодушевуваа на ваквата средба, некои сметаа дека се работи за парадокс: „Едната за малку ќе го изгубеше животот на пат кон училиште, додека другата пропушта часови за да протестира.“
So… today I met my role model. What else can I say? @Malala pic.twitter.com/n7GnXUngov
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) February 25, 2020